Сре01272021

Последна промена05:17:29 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Пејнтер: Прием на Македонија во НАТО согласно пресудата од Хаг

Пејнтер: Прием на Македонија во НАТО согласно пресудата од Хаг

Сподели

Македонија останува најдобро подготвена за прием во НАТО, и тоа треба да се случи на самитот во Британија, согласно пресудата на Меѓународниот суд на правдата, оценува Сали Пејнтер, директор во консултантската куќа Блу Стар Стратеџис во Вашингтон, која советувала поголем број европски држави за приемот во НАТО.

 

Моментално, Македонија ги има исполнето сите неопходни критериуми за членство во НАТО и се надевам дека земјите – членки ќе бидат конструктивни во врска со приемот на Македонија и ќе гласаат позитивно. Дополнително, се надевам дека ќе видиме напредок во процесот за прием на Црна Гора, како и стратегија за Грузија, Србија, Косово, Украина и Босна и Херцеговина, вели Пејнтер во разговор со МИА.

Таа оценува дека посетата на претседателот на Владата Никола Груевски на седиштето на Алијансата во Брисел, служи како добар потсетник дека Македонија е посветена на членството во НАТО и продолжува да ја поддржува Алијансата. Според неа, спорот за името е билатерално прашање кое не би смеело да се поставува во прашања како што е проширувањето на НАТО, и кое треба да се регулира од меѓународното право.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK