Чет07092020

Последна промена06:42:33 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Стечајците може да поднесуваат барање за надомест

Стечајците може да поднесуваат барање за надомест

Сподели

Тече рокот за примање на барањата за обесштетување на стечајците. Сите лица кои останале без работа во периодот од 2000 до 2004 година, имаат 25 години стаж и работеле во фирми со државна или делумно државна сопственост треба да се пријават во Агенцијата за вработување, пишува денешен Вечер.

 Единствено што треба да понесат со себе е лична карта. Барањето ќе го пополнат службите од Агенцијата.

-Ќе може да се поднесат барања секој ден од 8.30 до 16.30 и не мора да се пополнува никакво хартиено барање однадвор. Барањето се поднесува директно во системот на АВРМ и подоцна се печати од нашите службеници, а подносителот треба само да го потпише - изјави директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.

Рокот за пријавување на лицата кои се опфатени со новиот закон изнесува 30 дена. По ова центарот нема да ги прима барањата. Се очекува со новите измени за обесштетување на стечајците да бидат опфатени околу 3.000 лица. Месечно ќе добиваат по 7.100 денари до нивното пензионирање или вработување. Исто така, овие лица ќе добијат и здравствено осигурување./ Извор Вечер

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK