Чет07092020

Последна промена06:42:33 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Ослободување од даноци за вработување на млади лица

Ослободување од даноци за вработување на млади лица

Сподели

Работодавците кои ќе вработат млади луѓе до 29 години ќе бидат ослободени од плаќање на социјални придонеси. Ова е новата  владина мерка за потикнување на вработувањата.

Фирмите кои ќе вработат луѓе од оваа категорија граѓани ќе бидат ослободени од давачките, но ќе мора да ги задржат вработените најмалку 12 месеци.

Премиерот Груевски денеска објави дека мерката ќе трае две години со можност за продолжување зависно од постигнатите резултати. Со оваа владина одлука се создаваат нови можности за вработување на млади лица, што претставува олеснување и поддршка за бизнис заедницата, изјави Груевски.

Работодавачот ќе биде ослободен и од плаќање персонален данок на доход за вработеното  лице, можност што постои како законско решение. Мерката за работодавачот значи намалување на трошоците за вработување на лица за 37 проценти, односно 27 проценти за придонеси и 10 проценти за персонален данок од големината на бруто платата. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK