Чет07092020

Последна промена06:42:33 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Светиот маченик Ѓеоргиј Кратовски

Светиот маченик Ѓеоргиј Кратовски

Сподели

Македонец од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета душа христијанин. Имаше осумнаесет години кога Турците сакаа да го потурчат, но остана тврд во верата како прекрасен дијамант.

Тогаш Турците го мачеа со најлути маки и најпосле жив го запалија. Пострада за Христа на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава.

Оттогаш св. Ѓорѓи двапати се празнува: денот на неговата маченичка смрт и денот на пренесувањето на неговите мошти. Во некои градови и земји златарскиот еснаф го почитува како свој патрон и заштитник. На неговото име се песветени повеќе храмови, а неговиот светителски култ полека се шири од Кратово, родниот крај, и Софија каде што пострадал, во сета земја македонска и пошироко. Се организираат црковни општини, кои го нсат неговото име и во дијаспората каде живеат наши сонародници. Овој млад и нов страдалник за верата наша христијанска, кој го жртвувал својот млад и невин живот во цутот на својата најубава возраст и кој се откажал од се она што е светско, од славата и почестите, како и земното богатство, е уште една потврда дека се што е земно е минливо, а дека нашата вистинска и вечна татковина е на небесата. Македонската православна црква и народ, овој маченик ги задолжил со својот живот, со својата храброст, оставакќи ни прекрасен пример за подражавање и следување. Славејќи го и чествувајќи го неговиот светителски лик и спомен, се наложува како императив на сите нас, неговите следбеници и поклоненици, уште повеќе да го збогатиме неговиот култ, зашто тој е наш, од нашиот род и краишта, а кој и најмногу ќе се грижи и застапува пред Севишниот за сите свои и Божји чеда.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK