Чет07092020

Последна промена06:42:33 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Иванов ќе бара подршка за нов мандат

Иванов ќе бара подршка за нов мандат

Сподели

Верувам дека постигнавме резултати, исто како што верувам дека секогаш може да се продолжи  да се направи уште повеќе и да се постигнуваат натамошни достигнувања.

Не чека уште многу работа, која треба да донесе напредок и просперитет за сите наши граѓани– изјави претседателот Иванов објавувајќи дека ја прифаќа иницијативата за  уште една номинација за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

- „Со чест и  задоволство, имајќи ги во предвид сите предизвици и перспективи со кои се соочуваме  со посветеност и одговорен пристап, со желба за постигнување на натамошни успеси за нашата татковина, кои ќе бидат од интерес за сите граѓани, сакам да изјавам дека донесов одлука да ја прифатам иницијативата за мое кандидирање за Претседател на  Република Македонија и дека ќе ја поднесам мојата кандидура на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Република Македонија“, рече Иванов во својот говор.

Во животот има моменти кои ги одредуваат нашите натамошни активности и ги определуваат натамошните заеднички достигнувања. Во такви мигови, изјави Иванов, треба да се носат правилни одлуки кои се резултат на верба во вредности.

Освен претседателот Иванов, номинации за претседателски кандидати до ВМРО-ДПМНЕ имаат доставено и универзитетскиот професор Јове Кекеновски и магистерот Божидар Ночев, информираше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Последниот рок за јавниот повик на ВМРО-ДПМНЕ е 26-ти февруари до 20 часот. На конвенцијата  на 1-ви март, 1.300 делегати со тајно глсање ќе одлучат кој од номинирате ќе влезе како претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ./ Извор МТВ.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK