Чет07092020

Последна промена06:42:33 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Десет години од смртта на Борис Трајковски

Десет години од смртта на Борис Трајковски

Сподели

Денеска се навршуваат десет години од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници, кои го загубија животот во авионска несреќа во близина на Мостар.

 

Владиниот „Кингер“ со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар.

Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

По повод чествувањето, актуелниот шеф на државата д-р Ѓорге Иванов престојува во Босна и Херцеговина. претседателот Иванов и владина делегација денеска во Ротимље ќе положат венец на спомен-обележјето каде што загинаа претседателот Трајковски и членовите на делегацијата.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK