Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Чист понеделник почнуваат Велигденските пости

Чист понеделник почнуваат Велигденските пости

Сподели

Понеделникот по Прочка се вика Чист Понеделник и тогаш започнуваат долгите Велигденски пости. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.

Целата оваа недела по Прочка се викала Чиста  Недела и секој ден одделно: Чист Понеделник, Чист Вторник итн. Понабожните три дена ништо не јаделе, а во средата оделе во црква каде што земале светена вода “наезмо“, а потоа дома приредувале гозба со посна храна на која ги канеле роднините и пријателите.


Велигденски пости

За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.
            
Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост.
                       
Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота - Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.
            
За празниците Благоец и  Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.

Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK