Чет07092020

Последна промена06:42:33 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Македонските пратеници утре ќе гласаат за распуштање на Парламентот

Македонските пратеници утре ќе гласаат за распуштање на Парламентот

Сподели

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски за утре на пладне ја закажа 87-та собраниска седница.

Единствена точка на дневниот ред по која ќе се расправа е  предлог-одлуката за распуштање на актуелниот парламентарен  состав доставен од  ДУИ. Иницијативата за распуштање на Собранието пред три дена  ја поднесе парламентарната група на Демократската унија за интеграција, откако не беше исполнето нивното барање за консензуален кандидат за претседател на Република Македонија.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ прифати одржување предвремени парламентарни избори на 27 април, на вториот круг од претседателските избори. Иницијативата на ДУИ ја прифатија и опозициските СДСМ и НСДП.

Според Уставот, Собранието се распушта ако за тоа се изјаснат мнозинството од вкупниот број пратеници. Според Деловникот за работа на Собранието, расправата за распуштање на Собранието може максимално да трае три дена.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK