Чет07092020

Последна промена06:42:33 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Легализација на дивоградби до крајот на 2015 година

Легализација на дивоградби до крајот на 2015 година

Сподели

Собранието во последен момент пред распуштање по скратена постапка ги донесе измените во законот за легализација на бесправни градби со што рокот за поднесување на документите повторно се пролонгира до декември 2015 година.

Образложението на Министерството за транспорт и врски за ваквите измени е да им се излезе в пресрет на граѓаните.

- „Измените се прават имајќи предвид дека добар број граѓани кои имаат поднесено барање за легализирање дивоградби не можеле да поднесат геодетски елаборати согласно Законот до јуни оваа година. Предвидено е до јуни да бидат поднесени околу 400 илјади барања за легализирање, а досега се поднесени околу 100 илјади геодетски елаборати“, рече заменик-министерот за транспорт и врски Џелал Бајрами.

Втората измена, односно пролонгирање на рокот, се однесува на легализирање на терасите кои граѓаните во станбени објекти ги претвориле во простории за домување, а немаат поднесено барање за нивно легализирање, тоа да можат да го направат до крајот на 2015 година.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK