Чет07092020

Последна промена06:42:33 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Стево Пендаровски е адутот на опозицијата на овие избори

Стево Пендаровски е адутот на опозицијата на овие избори

Сподели

Сите 588 присутни делегати во хотелот Александар Палас, акламативно му ја дадоа поддршката на универзитетскиот професор, кој беше советник на двајца македонски претседатели, на конгресот на СДСМ што се одржа под слоганот “Македонија заслужува претседател“, јави Алфа ТВ.

 

Токму тоа го потенцираше самиот Пендаровски - вели, бил горд што ги советувал и Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. А, првата задача ќе му била да го врати достоинството на функцијата претседател на државата, која според него, во овие пет години била целосно деградирана.

Пендаровски најави дека има намера да застане на чело на граѓанско движење кое ќе ја однесе Македонија во вистински правец - ЕУ и НАТО, а не во крив, како што рече - во друштво на африкански диктaтори и сомнителни азиски бизнисмени. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK