Пон11302020

Последна промена08:48:30 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Уште 10 дена зимска опрема во возилата

Уште 10 дена зимска опрема во возилата

Сподели

 До 15-ти  овој месец задолжителното е носењето на зимската опрема во моторните возила. Јавното претпријатие „Македонија пат“ ги потсетува возачите дека без оглед на моменталната временска состојба се уште е на сила законската одредба за  задолжителното носење на зимска опрема во возилата. 

Според службите на „Македонија пат“ на планинскиот премин Стража  има појава на магла со видливост од 70 до 100 метри.

До 31-ви овој месец ќе трае забраната за сезонски сообраќај за сите возила на патниот правец Р2 332, Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Маврово – Дебар – Струга и Катланово – Велес.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK