Пет05292020

Последна промена11:11:36 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Минимално намалување на трошоците за живот

Минимално намалување на трошоците за живот

Сподели

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 99.5.

 

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.1% во февруари 2014 година, во споредба со  претходниот месец, е резултат на пониските индекси на шеќерот за 1.9%, мастите за 1.6%, овошјето за 0.8%,  месото и замрзнатиот зеленчук за 0.7% и преработките од млеко за 0.4%.

Во февруари, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 9.3%, информатичката опрема за 8.5%, гасот за домаќинстата за 7.6%, течните горива и мазива за 1.0%, течните горива за домаќинствата за 0.9%, апаратите за домаќинствата за 0.8% и обувките за

0.7%.

Пораст на индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај конзервираното овошје за 2.1%, зеленчукот за 1.6%, мармаладите и чоколадните производи за 0.7%, рибата за 0.6%, алкохолни пијалаци за 0.5%, лебот и житариците, сувомеснатите производи и преработките од зеленчук за 0.4%, свежото млеко за 0.3%, тестенините и др. прехранбени производи за 0.2%.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите во патниот сообраќај за 3.3%, телефонските и факс апарати и услуги за 0.9%, мебелот за 0.4% и фармацевтските производи за 0.2%.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK