Пет11222019

Последна промена11:20:32 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Ова се земјите каде може бесплатно да се лекувате на одмор

Ова се земјите каде може бесплатно да се лекувате на одмор

Сподели

Фондот за здравствено осигурување склучи договор со 15 земји па доколку на македонските граѓани во овие земји итно им треба лекарска услуга, тоа го добиваат бесплатно на товар на Фондот. 

 

Македонците ќе можат бесплатно да се лекуваат додека се на одмор во Турција, Бугарија, Германија, Австрија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија и сето тоа ќе го добијат бесплатно, на товар на домашното лекување, односно на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

За да се добие оваа здравствена услуга, македонскиот граѓанин треба пред да замине во странство да аплицира до Фондот за двојазичен образец. Образецот е бесплатен, а пред патувањето осигуреното лице треба до службата на Фондот да поднесе пријава за задолжително здравствено осигурување, како и пополнето барање за издавање на двојазичен образец за една од наведените земји. Двојазичниот образец служи како привремена здравствена легитимација во земјата каде што се патува и со него осигуреното лице се изедначува во однос на правата и обврските со осигурените лица на државата во која престојуваат. Граѓаните ја поддржуваат иницијативата на фондот.

Од досегашната пракса, на територијата на цела Македонија годишно се издаваат над 650 двојазични обрасци. Македонија од минатата година потпиша и договор за европската здравствена картичка со Република Австрија, при што граѓаните на Австрија кога доаѓаат во земјава со оваа картичка можат да добијат комплетни здравствени услуги. Фондот за здравствено осигурување нема ваков договор со соодветните институции во Грција и Албанија и затоа нашиот граѓанин-осигуреник во итни случаи си ги плаќа трошоците за лекување, а потоа со фискалната сметка преку Фондот следува рефундација на овие средства.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK