Пет11222019

Последна промена11:20:32 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Комплетиран составот на новата влада

Комплетиран составот на новата влада

Сподели

Комплетиран е составот на новата влада. Владините партнери ВМРО ДПМНЕ и ДУИ направија извесни рокади но и персонални промени.

 

Секако најголемо изненадување е именувањето на досегашниот амбасадор во Вашингтон Зоран Јолевски кој ќе биде нов министер за одбрана.

Од ВМРО ДПМНЕ единствено позицијата ја загуби Спиро Ристовски кој повеќе нема да биде министер за образование. На негово место е предложен досегашниот министер за екологија Абдулаќим Адеми.

Најголеми кадровски промени  направила ДУИ бидејќи освен Муса Џафери, Фатмир Бесими и Абдулаќим Адеми, министерските места ги загубија сите останатите функционери. Така на местото на Блерим Беџети во правда нов министер ќе биде Аднан Јашари, а Ваљон Сарачини во економија ќе го замени Беќим Незири, досегашниот директор на фондот за пензиско.

Во локална министер ќе биде Лирим Шабани, а во екологија Нурхан Изаири.

На местото на Димовски во земјоделие, социјалистите го предложија Александар Цветков.

Останатите министри ги задржија ресорите.

Други нови имиња во кабинетот на Груевски се и Горан Мицковски, Фурхан Чако и до неодамна директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида кои ќе бидат министри без ресор најверојатно задолжени за привлекување странски инвестиции.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK