Ем петок 13-ти ем полна месечина
- Детали
- Објавено на Петок, 13 Јуни 2014 02:12
Суеверните веруваат дека „петок 13-ти“ во комбинација со полната Месечина значат несреќа. Астролозите за денес советуваат мирување и по можност, најдобро е да останете дома!
Баксузниот петок 13 е поврзан и со полна месечина, па не се советува возење автомобил, купување, продавање, а нема да имаат среќа ниту оние што започнуваат нова врска.
Без оглед дали верувате во астрологијата или не, голем број на научници и доктори тврдат дека полната Месечина влијае врз душевната состојба, дека создава проблеми и дека полната месечина предизвикува голема агресивност кај луѓето.
Астролошки гледано, Месечина е во Стрелец, што прави луѓето да се однесуваат како дворски шутови. И без оглед на тоа дали сте или не сте суеверни, најдобро е да си легнете порано. Така ќе ги одбегнете сите непријатности, караници и баксузи.
Петок 13-ти се смета за несреќен бидејќи тогаш Ева му понудила јаболко на Адам, тој ден почнал големиот потоп, се прекинала изградбата на Вавилонската кула и Исус е распнат во петок.
Ваков случај на петок 13-ти во комбинација со полната Месечина имало и на 13 октомври 2000 година. Во 2049 година ќе биде следната ваква двојна комбинација.