Денес ќе ги слушнеме новите цени на бензинот и нафтата

Сподели

Денес, регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои од утре на полноќ ќе почнат да се применуваат.

Регулаторната комисија за енергетика, пред две недели ги зголеми малопродажните цени на бензините за 1,5 денари, а на дизел горивото за половина денар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,50 денари за литар а дизелот се точи по 68 денари за литар.