Саб07202019

Последна промена05:21:16 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Бензинот по нова, дизелот по стара цена

Бензинот по нова, дизелот по стара цена

Сподели

Цени на бензините се зголемија за половина денар по литар, додека цената на дизел горивата остана ист. Според вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цените на рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати се зголемија во просек за 0,44, односно за 0,31 отсто.

 

Еве колку чинат бенизните:

ЕУРОСУПЕР БС-95  - 81 денар за литар,

ЕУРОСУПЕР БС-98  - 82,50 денари за литар

ЕУРОДИЗЕЛ (D-Е V)  - 68 денари за литар

Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 57 денари за литар.

Мазутот М-1 НС – 41,871 денари за килограм

Според регулаторната комисија за енергетика, причина за зголемување на малопродажната цена на нафтените деривати  е за 0,49 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и за 0,86 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK