Саб07202019

Последна промена05:21:16 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Од 1 јули нова цена на електричната енергија!?

Од 1 јули нова цена на електричната енергија!?

Сподели

Во Регулаторната комисија за енергетика во моментов се прават пресметките и засега од таму не сакаат да обелоденат колку ќе чини киловат-час електрична енергија за домаќинствата, пишува денешен Вечер.

Граѓаните, сепак, стравуваат дека во втората половина на годинава ќе треба да плаќаат повисоки сметки за струја До крајот на овој месец ќе се знае новата цена на електричната енергија што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јули и ќе важи до 1 јули 2015 година. Во Регулаторната комисија за енергетика во моментов се прават пресметките и засега од таму не сакаат да обелоденат колку ќе чини киловат-час електрична енергија за домаќинствата. Додека се прават калкулации и готват новите цени, граѓаните стравуваат дека во втората половина на годинава ќе треба да плаќаат повисоки сметки за струја. Изминатава година тие беа задоволни, оти имаа ретка привилегија струјата да биде една од најевтините во регионот. Од први јули 2013 цената на струјата во Македонија беше намалена за 4.48 %, додека во соседна Србија се зголеми за 11%, а во Бугарија за повеќе од 15% што донесе штрајкови по улиците на Софија и другите поголеми градови.

Извор Вечер 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK