Нед08252019

Последна промена04:28:03 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Избрана новата Влада

Избрана новата Влада

Сподели

Со  77 гласа за, 6 против и ниту еден  воздржани собранието ја изгласа новата влада која што ќе има 26 члена.

 

 На седницата  прво се обрати премиерот Никола Груевски кој во своето 25 минутно експозе ги нагласи петте приоритети на Владата, односно подобрување на економијата, влегување во ЕУ и НАТО, борба против корупцијата и криминалот, одржување на добри меѓуетнички односи, инвестирањето во образованието, науката и информатичката технологија.

На почетокот тој упати изрази и надеж дека опозицијата наскоро ќе се вратела во парламентот.

- „Честитката подеднакво е упатена и до вас присутните пратеници и до оние кои заради политиките и интересите на партиското раководство одлучија денеска да ја следат преку медиумите и за кои верувам дека набрзо ќе се вратат во оваа сала за која толку многу ги молеа граѓаните да им ја дадат таа шанса и тоа само пред околу два месеци“, рече Груевски.

Овa е четврти мандат на Груевски како премиер, a истовремено и најголем кабинет кој го предложил досега. Заедно со него, новата Влада ќе има 26 члена со што Владата е втора по големина во Македонија, по онаа на Љубчо Георгиевски. Во неа има седум министри без ресор и четворица потпретседатели. Во кадровските решенија нема голема промена кај имињата што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ, односно нови имиња се само амбасадорот Зоран Јолевски во ресорот одбрана, Михаил Цветков во земјоделство и Горан Мицковски како министер без ресор. Kaj ДУИ пак, има повеќе нови министри. Аднан Јашари за правда, Абдулаќим Адеми за образование, за економија Беким Незири, за локална самоуправа Лирим Шабани, за животна средина Нурхан Изаири.  

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK