Пон08032020

Последна промена02:18:24 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Собранието распиша оглас за 35 јавни функции

Собранието распиша оглас за 35 јавни функции

Сподели

Собранието и Комисијата за прашања на изборите и именувањата распишаа оглас за пројавување интерес за ангажирање компетентни и високо мотивирани кандидати за повеќе јавни функции кои се во нивна надлежност.

 

Огласот се однесува за 35 јавни функции, претежно претседатели и членови на управни одбори во агенции и членови на комисии. Краен рок за поднесување на пријавите е 20-ти следниот месец.

Секој обид за лично лобирање и ургенција од страна на кандидатите ќе се смета како слабост и неверување во сопствените капацитети и ќе влијае негативно во формирањето на финалната оцена за кандидатот.

Меѓу другото, се бара пројавување интерес за претседател и двајца членови на УО на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, пет кандидати за членови на Програмскиот совет на МРТВ, еден кандидат за член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, двајца за членови на Комисијата на Агенцијата за пошти, по еден кандидат за членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации и на Комисијата за решавање жалби од областа на енергетиката.

„Кандидатите кои се заинтересирани да се пријават за одредена јавна функција потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способости и лидерски вештини, способост за тимска работа и да се подготвени за темелна посветеност и силен ангажман и предизвици во периодот на спроведување значајни структурни реформи во земјата“, пишува во огласот.

Заинтересираните кандидати потребно е до Собранието на Република Македонија - Комисијата за прашања на изборите и именувањата да достават:

- Пријава во која кандидатот задолжително ќе ја наведе јавната функција за која се пријавува и редниот број на позицијата од овој оглас во која е назначен бројот на кандидатите кои треба да ги избере/именува Собранието,

- лична биографија (CV) не поголема од 5 страни,

- документи со кои се докажува исполнувањето на условите утврдени во овој оглас, односно Законот, за функцијата за која се пријавува и

- уверенија за познавање на странски јазик (за позициите за кои е потребен сертификат за познавање на странски јазик, истиот може да се достави по конечниот избор на кандидатот)

Краен рок за поднесување на пријавите е 20 јули 2014 година.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK