Пон08032020

Последна промена02:18:24 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Анализа: Зошто македонците масовно летуваат во Грција

Анализа: Зошто македонците масовно летуваат во Грција

Сподели

Последниве неколку години граѓаните на Македонија масовно одат на летување кај нашиот јужен сосед, Грција. Околу ова се крева голема прашина, излегува национализмот, се поставуваат прашања зошто да се оди да се летува и да се оставаат парите кај нашиот најголем непријател, кој не ни признава ни име, а не не признава ни како народ.

Се појавуваат и неофицијални информации дека нашите во Грција секоја година оставаат над 500 000 000 евра, сепак информациите не се официјално потврдени.

Зошто македонците летуваат во Грција???

Прво да разграничиме неколку работи. Туризмот како дејност е тука да ги спои народите од различни култури, различни вери, различни нации, а не да ги раздели. Туризмот неколку пати е прогласен за пасош на мирот во светот.

Втора работа е тоа што секој потенцијален турист располага со свој буџет, и за своите пари е  сам свој газда и ќе летува каде сака.

Е сега да дојдеме до она клучното. Македонците одат на летување во Грција од следните причини

1.Отворањето на границите од Република Македонија кон земјите од ЕУ, со само тоа нема потреба од визи и други дополнителни работи.

2.Близината на морето, сепак не е исто да се летува покрај море и покрај езеро, тоа се два различни поими.

3.Желбата да се види нешто ново, да се направи промена.

4.Пристапните цени, цени за жал нашите туристички центри воглавно не успеваат да ги разграничат на цени за во сезона, и цени за вон сезона.

Желбата да се оди на летување надвор од земјава, и поради погоренаведените причини,секој македонец во потсвеста се чувствува на некој начин како ,,предавник,, и сега незнаеjќи како да го покрие тоа ,,предавство,, смислува нови причини.

1.Во Охрид не може да се летува зошто е скапо

2.Во Дојран не е добро зошто имало многу комарци

3.На Преспанско езеро нема што да се види....

Со самото тоа се обидуваат да прикријат нешто од што нема потреба да се крие, за свои пари прави што сакаш, но не треба да значи дека за тоа мора да плукаш, и фрлаш и дрва и камења по македонските туристички центри.

Особено големо влијание имаат медиумите, т.е интернет порталите. Често гледаме како се ставаат слики од ценовници од угостителски објекти од висока категорија, каде што реално гледано е логички и да се повисоки цените, и после тоа лавина од коментари против Охрид.

Зошто???? Зарем не се свесни медиумите, па и сите тие кои подоцна коментираат оставаат свое мислење по социјалните мрежи дека сето тоа некој од некаде во странство го чита, и каков впечаток ќе добие некој странец за нашите туристички центри, и не само странците туку и домашниве туристи кои сеуште немаат одлучено каде да летуваат.

Со самата негативна, ајде да ја наречам и антиохридска кампања медиумите прават огромни штети не само на охриѓани и на градот Охрид, туку општо и на македонската економија. Со самата таа кампања работат против отворање на нови работни места, кои секако, колку повеќе туристи има толку повеќе се зголемува потребата од кадар. Понатаму работат против многу други дејности, поротив земјоделието, сепак колку повеќе туристи толку повеќе потреба од продукти за исхрана, работат против сообраќајот, јавниот превоз, работат против градежните компании, зошто ќе повторам колку повеќе туристи има толку повеќе има потреба од изградба на нови хотелско ресторански капацитети... Работат против многу дејности поврзани со туризмот.

Мислам дека време е да се застане со таа негативна кампања против Охрид. Нека си ги рекламираат Грција, Турција, Албанија... ама нека не плукаат по нашето. Ако Охрид не им чини едноставно нека го игнорираат, и наместо потрошеното време за негативна кампања против Охрид, нека го потрошат за позитивна кампања на некое друго летувалиште, на некое друго туристичко место кое е сепак во Република Македонија. Од една страна се обидуваме да развиваме туризам а од друга страна го растураме она што некој го гради и на што работи постојано.

И кога веќе објавуваат фотографии со ценовници, нека објават ценовници и од Грција, ама од објект кој е на иста категорија со тој од Охрид, а не како до сега прават споредба на охридски хотел со 4 ѕвезди, и некои улични сендвичати во Грција.

Тони Павловски

Студент на факултетот за туризам и угостителство

Охрид

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK