Пон08032020

Последна промена02:18:24 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Охрид домаќин на регионална конференција на МВР

Охрид домаќин на регионална конференција на МВР

Сподели

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е домаќин на Регионалната конференција посветена на темата “Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“ што од денес до 19-ти месецов ќе се одржи во Охрид.


На конференцијата ќе учествуваат повеќе претставници од центрите за полициска обука на Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Турција како и преставници на САД и ЦЕПОЛ.
На средбата, претставници на полициите на земјите од регионот ќе презентираат и разменат искуства за техниките и начините на спроведување на основната полициска обука кои внесуваат додадена вредност во стекнувањето вештини и знаења на кандидатите за полициски службеници. Центарот за обука во рамките на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е носител на основната обука за полицаец заснована на програма што ги задоволува критериумите за квалитет на национално и меѓународно ниво.
Регионалната конференција “Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“ во Охрид се одржува по иницијатива на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија со поддршка на ИЦИТАП програмата при амбасадата на САД и мисијата на ОБСЕ во земјава.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK