Вто09172019

Последна промена04:32:25 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Аџиите задолжително на лекарски преглед

Аџиите задолжително на лекарски преглед

Сподели

Аџиите кои се вратија во Македонија од Саудиска Арабија ќе мора да одат на лекар 7 дена - така налага законот, во спротивно ќе плаќаат казни.

Овие строги протоколи се наметнаа поради опасната ебола, но и други опасни инфективни заболувања, како маларијата или хеморагичната треска кои владеат во земјите кои ги посетиле за време на аџилакот.
За сега здравствената состојба на аџиите кои стигнаа пред 2 дена е добра, и никој не се пожалил дека не се чуствува добро.
Инаку, Макеоднија до вчера беше во неизвесност дали во земјава има смртен случај од опасната ебола. Дека не станува збор за смртоносниот вирус, потврди референтната лабараторија во Германија. Сепак, здравствените власти смируваат и доколку станувало збор за најлошото, земјата има капацитет да се справи со таквиот предизвик.

- Ние како земја сме подготвени, и во иднина ќе набавуваме нова современа опрема и скафандери, изјави за Алфа д-р Јованка Костовска и додава дека мора да се почитуваат стандардите од Светската здравствена организација. Од моментот на отворање на сомнежите за заболување на починатиот британец од ебола, во сите активности на различни нивоа и со различна улога биле вклучени над шеесетина луѓе, меѓу кои голем број здравствени работници, доктори, медицински сестри, вели Костовска за Алфа.

Од Клинката за превенција на заразни болести посочуваат дека секој друг начин на постапување во ваква ситуација е многу опасен и не трпи импровизација, која што не смее да си ја дозволи ниту еден здравствен систем во светот.

По Македонија и Србија го вклучи алармот на превентива и претпазливост. На српските аеродроми започнува мерење на телесната температура на сите патници кои доаѓаат од критичните подрачја, каде има заболени со овој вирус. Српското министерство за здравство, формирало 7 тимови кои ќе вршат обука на лица кои по природа на својата работа се во ризик да бидат заразени со ебола.

Извор Алфа ТВ 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK