Вто09172019

Последна промена04:32:25 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Од денес оглас за 400 полицајци во МВР

Од денес оглас за 400 полицајци во МВР

Сподели

Министерството за внатрешни работи, утре ќе распише Јавен оглас за прием на нови 400 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството, трет ваков конкурс кој што ќе се реализира согласно веќе стандардизираните и исцрпни критериуми. Кандидатите кои ќе ги исполнат условите и кои ќе бидат избрани по направената селекција, ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи.

По завршување на основната обука кандидатите за полицаец ќе склучат и договори за вработување во организациските единици сместени во Скопје.
Исто како и при распишувањето на претходните два конкурси за прием на полициски службеници, кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да се државјани на Република Македонија, да се полнолетни, а да не наполниле 25 години, да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование, да се здравствено и психофизички способни и со правосилна пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Освен овие општи, кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови: телесна висина од најмалку 175 сантиметри за мажи, односно 165 сантиметри за жени, како и висока лична физичка и психичка подготвеност за извршување на полициските задачи.
Постапката за селекција на кандидатите ќе ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец, која што ќе ја формираме и ќе се спроведува во пет фази. На почеток ќе се врши административна проверка, односно утврдување на навременост и потполнетост на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови. Потоа, во дополнително закажаните термини ќе следи проверка на моторички способности. Како и при претходниот прием на полициски службеници, предуслов за натамошно продолжување со селекцијата ќе биде минимумот од 60 стомачни склекови, 55 градни склекови, трчање на 3200 метри за 13,30 минути и 10 згибови на вратило за мажи, додека минимумот за женските кандидати ќе изнесува 60 стомачни склекови, 27 градни склекови и 3200 метри за 16,30 минути, како и други физички проверки, кои би биле определени од страна на Комисијата. По завршување на физичкиот дел, ќе следува писмено тестирање кое опфаќа општообразовен тест и психолошки тест, по што ќе се спроведува поединечно интервјуирање, односно разговор со секој кандидат за полицаец, кој ги поминал претходните фази. Последна фаза во селекцијата ќе бидат здравствените прегледи, односно проверката на здравствените и психофизичките способности на кандидатите. Истите во постапката за селекција ќе се утврдуваат од страна на Здравствена комисија која што ќе биде формирана за таа намена.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK