Вто09172019

Последна промена04:32:25 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Претпладне снег попладне ветер - внимателно по патиштата

Претпладне снег попладне ветер - внимателно по патиштата

Сподели

По синоќешната забраната за тешки моторни возила која беше воведена на патниот правец Гостивар - Стража и Гостивар – Маврово, сообраќајот е нормализиран за сите моторни возила. Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози.

 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Студено време со врнежи од дожд и снег на планините ќе преовладува претпладне во Македонија, а во попладневните часови се очекува врнежите да престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец, претежно во источните делови од државата.
Утринската температура ќе се движи од еден до четири, а дневната од три до десет степени. Воздушниот притисок значително ќе расте за 10 до 12 мерни единици.
Според Управата за хидрометеролошки работи, од утре се очекува стабилизирање, односно суво време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK