Чет07182019

Последна промена03:51:29 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Свети Вартоломеј и Варнава - Вртолум

Свети Вартоломеј и Варнава - Вртолум

Сподели

Ден кога се врти Сонцето. Во народното верување посебно важен празник се смета Вртолум, денот кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи.

Светиот апостол Вартоломеј

Еден од Дванаесеттемина големи апостоли. Вартоломеј и Натанаил по с ѐ изгледа се две имиња за едно лице. Заедно со Светиот апостол Филип и со сестрата на Филип, девицата Маријам - а некое време и со Св. Јован Богослов - го проповедаше Евангелието најпрво во Азија, потоа во Индија и најпосле во Ерменија, каде што и заврши маченички. Овие Свети апостоли ја умртвија големата змија којашто незнабожците ја чуваа во храм во Ерапол и ја почитуваа како божество. Во истиот град му подарија вид на Стахиј, слеп четириесет години. Овде на нив се крена толпа народ и ги распнаа на крст Филип и Вартоломеј - Вартоломеј го распнаа со главата надолу. Тогаш затресе земјотрес во којшто загинаа злите судии и многумина од народот. Гледајќи во тоа казна Божја, мнозина притрчаа да ги симнат апостолите од крстовите, но Филип беше веќе издивнал, додека Вартоломеј с ѐ уште беше жив. Потоа отиде во Индија, каде што го проповедаше и на индиски јазик го преведе Евангелието на Матеј. По ова прејде во Ерменија, каде што ја исцели од лудило царската ќерка. Но братот на царот, Астијаг, завидливо го фати и го распна Божјиот апостол на крст. Потоа му ја одра кожата и најпосле му ја отсече главата во Албанопол Ерменски. Неговото тело христијаните го погребаа чесно во оловен ковчег. Бидејќи од неговите мошти стануваа многу чуда, незнабожците го зедоа ковчегот и го фрлија в море. А водата го донесе ковчегот до Липарските острови, каде што епископот Агатон, по откровение во сон, го дочека и го погреба во храмот. Свети Вартоломеј му се јави, облечен во бели ризи, на Св. Јован Песнопоец в црква и го благослови со Евангелието за да пее духовни песни: „Нека потечат од твојот јазик водите на небесната мудрост!“ Му се јави уште и на царот Анастасиј (491 г. – 518 г.) и му рече дека ќе му го чува новосоѕиданиот град Дари. Подоцна моштите на овој голем апостол беа пренесувани во Беневент, па во Рим. Од нив стануваа големи и страшни чуда.

Светиот апостол Варнава

Еден од Седумдесеттемина. Роден на Кипар од богати родители од племето Левиево и заедно со Савле се учеше кај Гамалиил. Се викаше прво Јосиф, но апостолите го завикаа Варнава, Син на Утехата, зашто вонредно умееше да ги теши човечките души. Кога Савле се обрати, тој прв го внесе меѓу апостолите. Потоа со Павле и со Марко го проповедаше Евангелието во Антиохија и по други места. По с ѐ изгледа тој прв проповедаше и во Рим и во Милано. Пострада на островот Кипар од Евреите и Марко го погреба на западните порти од градот Саламина со Евангелието на Матеј на градите, коешто самиот рачно го препиша. Неговиот гроб остана непознат неколку векови, но со оглед дека многумина добиваа исцеленија на тоа место, се нарече „место на здравје “. Во времето на царот Зинон, кога беше Халкидонскиот Собор, апостолот му се јави на Кипарскиот архиепископ Антим, и тоа трипати во три ноќи, и му го објави својот гроб. Ова стана токму во времето кога властољубивиот патријарх Антиохиски Петар бараше Кипарската Црква да биде под власта на Антиохиската столица. Но по јавувањето и откривањето на чудесните мошти на Светиот апостол Варнава беше востановено Кипарската Црква, како апостолска, да биде самостојна занавек. Така настана автокефалијата на Кипарската Црква.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK