Нед12152019

Последна промена09:41:47 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Меттју Нимиц вечерва доаѓа во Скопје

Меттју Нимиц вечерва доаѓа во Скопје

Сподели

Метју Нимиц, посредникот во грчко-македонскиот спор за името, од вечерва е во Република Македонија. Тој утре во Скопје ќе биде примен од македонскиот државен врв. Се очекува, посредникот Нимиц да ги слушне ставовите на Република Македонија по однос на неговиот последен предлог „Горна Република Македонија“ како и размислувањата на македонската страна за конечно решавање на овој спор.

 

Нимиц, во Република Македонија доаѓа по вчерашната посета на Грција и средбата со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос. Министерот ми ги презентира генералните позиции во преговорите, позицијата на владата, но и детаљни забелешки за идеите што ги презентирав, во кој дел се прифатливи, во кој дел не се, како и какви промени може да ги направат да бидат поприфатливи за грчката страна. Венизелос беше многу јасен.

Имавме многу конструктивна средба, бидејќи сега многу јасно ја разбрав позицијата на грчката влада – изјави Нимиц по средбата.

Посредникот Нимиц не го искоментира предлогот „Горна Република Македонија“ бидејќи никогаш не откривал за какви предлози станува збор, додавајќи дека понекогаш тоа што е објавено во медиумите е точно, понекогаш не. Тој беше јасен дека клучната работа во преговорите е двете страни да имаат разбирање за меѓусебните позиции.

 

.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK