Саб04042020

Последна промена05:58:29 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија 200 евра казна за возачите кои не внимаваат на пешачки премин

200 евра казна за возачите кои не внимаваат на пешачки премин

Сподели

Поригорозните казни предвидени со законските измени за безбедност во сообраќајот треба да придонесат за поголема дисциплина на учесниците во сообраќајот, со цел намалување на жртвите на сообраќајните несреќи.

За поголема безбедност на пешаците, како една од најранливите категории, предвидени се построги казни за возачите кои не внимаваат на пешачките премини.

Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот. Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да управува со возилото и да вози со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин.
На делот од патот по кој се движат деца или се поставени сообраќајни знаци за учество на деца во сообраќајот, возачот е должен да вози со особена претпазливост и со таква брзина што ќе овозможи да го запре возилото во случај на потреба. Предвидена е глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност.

Инаку Собранието го донесе Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој треба да се надминат досегашните недоследности и проблеми кои се појавуваа во пракса и поефикасно функционирање во областа на безбедност на сообраќајот, како и усогласување со европската регулатива во оваа област.

Со Законот, меѓу другото е предвидено задолжителна употреба на запалени светла за време на управување со возило само во периодот од првиот самрак до потполно разденување, како и дење во случај на намалена видливост. Кај мотоциклите, пак, задолжителна е употребата на светла дење и ноќе, а се предвидува и соодветно светлосно обележување и на велосипедистите заради нивна поголема безбедност во сообраќајот.

Законот содржи нов концепциски пристап и во делот на казнената политика за прекршоците од областа на сообраќајот на патиштата, која, се наведува во образложението, целосно е усогласена со системот на казнување предвиден во Законот за прекршоците.

Законот нуди и концептуално нови решенија во делот на оспособување на кандидатите за возачи, возачи, автошколи и испитни центри и возачки дозволи, односно проверка на стручноста на возачите-инструктори. Со предложеното законско решение се надминува досегашниот начин на спроведување на возачкиот испит и зголемување на степенот на квалитет на обуката на кандидатите за возачи односно возачите-инструктори.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK