Саб04042020

Последна промена03:51:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија 20 години од атентатот врз Киро Глигоров

20 години од атентатот врз Киро Глигоров

Сподели

На 3 октомври 1995 година, беше извршен неуспешен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров. Тој го преживеа атентатот со тешки повреди во главата.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба пред 20 години 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Во експлозијата загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Во истрагата биле претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. МВР извршило и повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата. Не помогна ниту фото роботот на еден од сторителите. Истражната постапка која се води против непознат сторител се’ уште е отворена. Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK