Нед09202020

Последна промена10:43:08 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Преподобен Теодосиј Велики , императорот кој ја наметнал христијанската религија

Преподобен Теодосиј Велики , императорот кој ја наметнал христијанската религија

Сподели

Македонската православна црква денешниот ден го  посветила на Преподобен Теодосиј Велики. Теодосиј I  познат како Теодосиј Велики, бил римски император во периодот од 379 до 395 година.

Тој е најдобро познат по наметнувањето на христијанската религија и решителната забрана на сите други религии во империјата. Теодосиј е последниот римски император кој владеел со целата Римска империја[2][3], откако ја обединил за последен пат, само неколку месеци пред неговата смрт во почетокот на 395 година. По неговата смрт, империјата засекогаш била поделена на два дела - источна и западна.

Роден во 347 година во градот се наоѓа во денешната област Сеговија, Шпанија[4], во аристократско христијанско семејство, Теодосиј од млад станал голем следбеник на православното христијанство. Татко му Флавиј Теодосиј е брилијантен војвода, постигнал голем број успеси на бојното поле во Британија, Мавританија и Дунавската граница. Младиот Теодосиј се појавил за прв пат под команда на неговиот татко во 374 година каде бил назначен за дук на Мизија. Во времето кога неговиот татко бил погубен по наредба на императорот Грацијан во 376 година, идниот император Теодосиј се повлекол од функцијата и живеел во својата родна провинција.

По катастрофалната битка кај Адријанопол во август 378 година, империјата паднала во критична ситуација. Источниот император Валенс загинал во битката, победените легии биле неорганизирани, балканските провинции страдале од инвазијата на разбеснетите Готи. Самата престолнина Константинопол била ставена под голема закана.Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети Св. Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него се собраа монаси од странски земји. Заради тоа изгради по една црква за секој јазик на кој се зборуваше во обителта, и во слава Божја истовремено служеа и се пееја на грчки, ерменски, грузиски итн. Но во денот кога се причестуваа, сите браќа се собираа во големата црква, во која се служеше на грчки. Трпезата и имотот им беа заеднички на сите, трудот и трпењето заеднички, а неретко и гладувањето. Теодосиј им беше возвишен пример за живот на сите свети монаси, пример во трудот, во молитвата, постот, бдеењето и во сите христијански добродетели. И Бог му подари дар на чудотворство, па можеше да исцелува болни, да се јавува на далечина и да помага, да умножува леб и пченица. Молитвата му беше на усните дење и ноќе. Се упокои мирно во Господ кога имаше сто и шест години, во 529 година.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK