Обуки во областа на туризмот дел од новите мерки за вработување

Сподели

Агенцијата за вработување објави оглас за четири мерки за вработување - за три различни видови на обуки и една мерка која е во форма на грант, неповратни финансиски средства за приватните компании и невработените лица.


Станува збор за обука од областа на приватното обезбедување која се реализира во соработка со Комората на приватно обезбедување, обука од областа на туризмот организирана во соработка со Факултетот за туризам, обука за возачка дозвола од Ц и Е категорија и за мобилност на работна сила во форма на грант од 92.000 денари за компанијата и невработено лице од руралните средини.

За овие мерки се обезбедени околу 8 милиони денари и ќе траат се до пополнување на планираниот број на лица.

МКД.мк