Денеска е Задушница
- Детали
- Објавено на Сабота, 22 Февруари 2014 04:22
Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење).
На изборите за првпат обележување со маркер пенкало
- Детали
- Објавено на Сабота, 22 Февруари 2014 04:05
На претстојните претседателски избори закажани за 13 март, македонските гласачи, за првпат ќе мора да бидат обележани со видливо наместо со невидливо мастило.
Граѓаните да се “побараат“ во ибирачкиот список
- Детали
- Објавено на Четврток, 20 Февруари 2014 08:29
Досегашните изборни активности за престојните претседателски избори се одвиваат во предвидените рокови со исклучок на дополнувањето на дел од општинските изборни комисии со нови членови, што требаше да се изврши до 14 февруари, информираат од МОСТ.
15 000 болни од грип , пет починаа
- Детали
- Објавено на Петок, 21 Февруари 2014 07:13
И во февруари продолжува да расте бројот на заболени од грип во земјава. Во периодот од 10 до 16 февруари годинава 3.975 лица заболеле од инфлуенца, што споредено со истиот период лани е за 51,1 отсто повеќе, пишува денешен Вечер.
Апчиња и витамини и на бензиска пумпа и во маркети
- Детали
- Објавено на Среда, 19 Февруари 2014 05:45
На бензинските пумпи и во колонијалните продавници ќе се продаваат лекови без рецепт за постарит од 12 години како: андол 300, парацетамол, ефералган со витамин Ц..., aспирин протект 100, aндол 100 и кардиопирин, лекови против агрегација на тромбоцити, линекс и линекс форте, како и лекови за искашлување, витамини, локални антисептици за уста и грло, дезинфициенси за надворешна употреба, вештачки солзи, лекови против киселини во желудник, лекови со активен јаглен и неколку други препарати.