Саб04102021

Последна промена06:45:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Привршува реконструкцијата на патот Буково Битола

Привршува реконструкцијата на патот Буково Битола

Сподели

Привршува  реконструкцијата на  патот  Буково- Ресен Битола. Поголемиот дел  од делницата веќе е послана со нов асфалт.

До крајот на годинава се очекува да бидат завршени активностите за обнова на овој значаен регионалнен патен правец, кој беше во многу лоша состојба.

 – Станува збор за инвестиција во вредност од шест милиони евра со која ќе бидат реконструирани 27 километри.  Овој проект е многу значаен за двата града и е составен дел на нашата програма, посочи  министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Реконструкцијата на регионалниот пат Битола-Ресен-превој Буково ја вршат градежните компании „Гранит“ и „Илинден“.

Во исто време со полна пареа се работи на новиот автопат од Кичево кон Охрид, инвестиција од преку 400 милини евра, на оваа траса има преку 1200 работници и околу 500 машини има постојано. Сето тоа дава импулс дека преку 3000 градежи работници работат на овие патишта. Многу гранки се вклучени како подизведувачи во сите инфраструктурни проекти кои што ги работиме. Ако сега имаме околу 3000 градежни работници на регионалните патишта и автопатите со новите експресни патишта што ќе ги градиме ние таа бројка ќе ја зголемиме дупло. Од 2006 до сега преку 1360 километри патна мрежа е реконструирана, со сите тие тендерски постапки и договори ние ќе ја обновиме патната мрежа за дупло повеќе .До сега имаме 404 локални патишта завршени, а преку 740 патна мрежа локални патишта, истакна  Мисајловски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK