Саб08192017

Последна промена02:47:48 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Мајката на убиениот Димитар од Охрид напиша книга

Мајката на убиениот Димитар од Охрид напиша книга

Сподели

,,Мојот живот после изгубен живот”  е книгата , која ја напиша  мјаката на свирепо убиеното момче од Охрид  Димитар Матилоски. Учителката Драгица , која по смртта на синот од  ланската Новогодишна ноќ, живее  во пеколот, секојдневно ги пренесува своите чувства на хартија.

Се обидува да ги исполни желбите на синот, чив живот прерано згасна, на само  26 години. Останаа спомени, останаа неостварени сништа и неизмерна тага и болка.

Куќата денес е темна и тмурна. Празна е  собата на Димитар, но иста е како лани, Драгица тука седи и плаче, а не допира ништо.  Сака токму  тука да се сеќава на синот.

Нејзината тага, горчина и солзи ги пренела на хартија, раскажувајќи за изгубениот живот.

-Чувствата ги пишував во овој дневник првенствено да си помогнам себе си  болката да стане малку поподнослива  а целта ми беше да ги поттикнам мнгу мајки кои ги изгубиле своите синови и ќерки да започнат со пишување да ги искажуваат своите чуства во дневник, болката нема да исчезне ноке стане поподнослива   , изјава Драгица Матилоска.

 

Сиротата мајка книгата  ја започнува со пораката ,,Среќна Нова година мамо”, која ја добила од саканиот син, еден час пред да биде убиен. Во дневникот отворено раскажува за горчината, осаменоста и  безнадежноста, а целта е да не се заборави и никогаш да не се повтори крвавата новогодишна ноќ во Охрид.

- Јас и понатаму ќе продолжам да пишувам  дневник на тој начин ликот и името на Димитар Матилоски никогаш нема да бидат заборавени. На  крај сакам да кажа и и една мисла сакајте ги своите деца и кога се криви затоа што животот понекогаш може да ги  казни и кога не се криви, додава Матилоска.

Книгата ,,Живот после изгубен живот” , по симболична цена  ќе биде во продажба на крајот на месец Јануари. Средствата  ќе бидат наменети за хуманитарни цели, за помош на нејзин  поранешен ученик, кој боледува од мускулна дистрофија.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK