Нед02262017

Последна промена12:40:10 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Екстремно ниска температурата на Охридското езеро

Екстремно ниска температурата на Охридското езеро

Сподели

Екстремно ниска температурата на водата во Охридското езеро. Денеска  на пладне измерени  5,8 степени Целзиусови. На места деновиве се смрзна и дел од брегот на езерото.

 Години наназад не се памети пониска температура на водата.

Црвен крст со апел до стотиците  капачи, кои традиционално на Водици ќе пливаат по светиот крст. Внимателно пред  влегување во вода  задолжително  да направат превентивен  здравствен преглед.

- Не памтам години наназад да сме имале толку ниска температура,  била над 6 или 7,5 степени Оваа година е најниска  и со оглед на временските услови односно  температурата  на воздухот,  која навистина е многу ниска не очекувам дека ќе има загревање. Што значи токму за празникот Богојавление Водици треба посебно внимание, вели Сашо Точков претседател на Црвен крст.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK