Пон06262017

Последна промена01:40:07 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Црквата подготвена за Водици, крстот ќе се фрла во 10 ч.

Црквата подготвена за Водици, крстот ќе се фрла во 10 ч.

Сподели

Охрид се подготвува за најголемата црковно народна манифестација во земјава. И годинава се очекува масовна посетеност за празникот Водици. Светиот крст ќе се фрла на градското пристаниште во 10 часот.

 

Во соработка со општината, МПЦ Дебарско кичевската епархија  го организираме овој голем христијански празник, кој е најмасовен во Охрид. Веќе претставници од локалната самоурава беа во нашата митрополија  и добија насоки од нашиот надлежен владика Гдин  Тимотеј за тоа како да се одвива оваа година празникот, воедно добија  и благослов за организација на празникот, вели Илија Ристески од Дебарско кичевската епархија за Охриднет.ком. 

- Како и секоја година во сите парохиски цркви  ќе се богослужи утрена богосслужба и божествена литургија. Утрените  богослужби почнуваат во 7 часот а литургијата во 8 30 потоа од сите парохиски цркви масовно верниците со свештениците се упатуваат на градското пристаниште кеде ќе се осветат водите на Охридското езеро а потоа ќе се положи и чесниот крст, вели Илија Ристески претставник од Дебарско кичевската епархија.

И годинава како и лани нема кум за празникот Водици. Организацијата е во рацете на локалната самоуправа и црквата. Последен кум  на празникот во 2015  година  беше балканската ѕвезда Желјко Јоксимовиќ.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK