Нед12172017

Последна промена03:30:45 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Општината ќе помогне на оштетените од пожарот

Општината ќе помогне на оштетените од пожарот

Сподели

Градоначалникот Никола Бакрачески го посети семејството на Музафер Садик, чија куќа, што се наоѓа на улицата „Даме Груев“ , а  завчера изгоре во пожар, предизвикан од запален оџак.

Во пожарот е направена голема материјална штета, но за среќа нема повредени. Градоначалникот Бакрачески, сочуствувајќи со нивната несреќа, вети дека општина Охрид ќе направи се за да му се помогне на Музафер Садик.

-Веднаш по поднесувањето на барањето од страна на господинот Садик до општина Охрид, нашата комисија за проценка на штети ќе дојде да изврши проценка, а потоа во консултации со нашите финсиски служби и пропишаната процедура, Советот на општина Охрид ќе донесе одлука за висината на одштетата со која ќе придонесеме за санација на куќата на семејството Садик.Во меѓувреме ќе бараме некои времени решенија за помош на семејството и во тие активности очекуваме поддршка од граѓаните, хуманитарните организации и бизнис секторот.Општина Охрид не располага со сопстевн стамбен простор, но уште денес е контактирано претпријатието за стопанисување на станбен и деловен простор за изнаоѓање стан за времено сместување на ова загрозено семејство- рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески потенцира дека оваа локална власт во периодот од април 2013 година до 31.12 2016 година им помогна на 27 семејства на кои им беа опожарени куќите за што се исплатени 4.300.000,00 денари, а за штети од поплави и други елементарни непогоди во истиот период се исплатени 525.000,00 денари.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK