Чет05252017

Последна промена08:07:46 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Отворени се тимските апликации за Codefest 2017

Отворени се тимските апликации за Codefest 2017

Сподели

Технолошкиот фестивал Codefest овој април, од 7ми до 9ти, во Охрид ќе го одржи своето 5то јубилејно издание.

Во рамки на фестивалот се одржува веќе добро познатиот Codefest Marathon, кој претставува 32-часовен тимски натпревар во развивање на софтверски и хардверски, иновативни и креативни решенија. Настанот е основан и организиран од страна на СТАРТАП ЗОНА.

Досега учество на маратонот можеа да земат само студенти, а тоа за прв пат се менува со тоа што оваа година натпреварот ќе биде отворен во три категории: Млади (до 16 години), Студенти (од 17 години до мастер студии), и Професионалци (вработени, freelancer-и, или не било кој начин, не-студенти). Учесниците ќе се натпреваруваат за победа во секоја од овие категории засебно. За аплицирање на Маратонот потребно е да имате тим од 2 до 5 членови и да имате креативна и иновативна технолошка идеја на која досега не сте работеле. Услов за учество е за прв пат идејата да ја развивате во рамки на настанот, во тие 32 часа. Формуларот за аплицирање за Маратонот е достапен на следниот линк: http://teams.codefest.eu. Апликациите се отворени до 28ми февруари 2017.

Codefest Tech Festival е познат и по квалитетните и реномирани експерти кои се дел од настанот како предавачи, ментори и жири. За Codefest Marathon оваа година најавени се првите ментори, Орлин Димитров, Технолошки директор на POLYGONTeam од Бугарија, и Бенедикт Глацл од Австрија, Директор на продукт во Улмон и претходно вработен во седиштето на Google во Даблин. Најавен е и првиот член на жирито, а се работи за Гари Стјуарт, Директор на Wayra UK, престижен светски акцелератор и инвестициски фонд.

Во рамки на Codefest технолошкиот фестивал овој април покрај Маратонот ќе се одржи и еднодневната конференција Codeference за која билетите се веќе достапни, како и CFX-Business Expo, кое претставува мини саем за компании и претставници на ИТ бизнис индустријата.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK