Чет08172017

Последна промена06:42:11 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Полицијата ќе му помогне на семејството Садик

Полицијата ќе му помогне на семејството Садик

Сподели

Полицијата се вклучува во помошта на семејството Садик од Охрид.

На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, како општествено одговорни институции ќе се вклучат во акцијата за помош на настраданото семејство Садик од Охрид, чија куќа и покуќнина изгореа во пожар.

-Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата солидарност кон настраданото семејство Садик, ќе ја покажат со доброволно донирање и собирање парични средства и нивно уплаќање на наменската жиро сметка во Охридска банка. На овој начин сакаме да бидеме дел од граѓаните и институциите кои се приклучија во помош на семејството Садик во нивните напори за обнова на семејниот дом, изјави м-р Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK