Чет03302017

Последна промена09:21:24 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Арнаудов: Охрид ќе добие марина и експресен пат до Пештани

Арнаудов: Охрид ќе добие марина и експресен пат до Пештани

Сподели

ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид  денес потсети на неколкуте крупни проекти ветени во програмата на владејачката апртија, која минатите избор ија доби довербата на граѓаните на РМ. 

 - Дел од главните проекти кои се од витално значење за градот Охрид се долгоочекуваната марина во Охрид, проект кој ќе се реализира од 2018 до 2020 година, а ќе чини вкупно 2 милиони евра. Овој проект ќе се реализира за да се задоволат потребите за пловните објекти во Охридското езеро. Изградбата на марината ќе биде на локација пред центарот за обука на вода кај каналот Билјанини извори. Ќе се гради со најсовремена инфраструктура која ќе  овозможи сместување на минимум 300 помали бродови, десет бродови, и простор за маневрирање. Марината ќе има продавница за наутичка опрема, паркиралиште за возила, бензиска пумпа,  ресторан, административен дел и магацински ростор и слично.

Експресниот пат Охрид Пештани ќе придонесе за развој на туризмот во регионот.

- Овај пат е неопходен бидејки ке им се олесни движењето на граѓаните кои живеат во Грличкио =т предел и во лето и во зима. Граѓаните знаат дека од една страна е ВМРО ДПМНЕ партија која се стреми за реализација на ветените проекти и ги чува националните интереси а од друга страна СДСМ  по десетти пат и беше укажана волјата на народот, рече Арнаудов. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK