Чет05252017

Последна промена11:31:35 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид На Пресека забрана за тешки возила

На Пресека забрана за тешки возила

Сподели

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека, како и на патниoт правец Маврово – Дебар, каде за останатите возила задолжително е користење на зимска опрема.

 

ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ СО ГРЦИЈА: Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, не се дозволува влез на товарни возила и автобуси во Р.Грција.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK