Пон06262017

Последна промена01:40:07 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид ВМРО ДПМНЕ: Ние секогаш го одржуваме дадениот збор

ВМРО ДПМНЕ: Ние секогаш го одржуваме дадениот збор

Сподели

Очигледен е аматеризмот на прес службата на ОО СДСМ во однос на тајмингот за пропагирање на небулозни текстови кои на моменти ги нарекуваат реакции или соопштенија но сепак она што е најочигледно во тој аматеризам во целост на ОО СДСМ е дефинитивното елементарно непознавање на основните факти во однос на она што е реализирано или што наскоро ќе се реализира како дадено ветување од страна на ВМРО ДПМНЕ, одговорија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Кога зборувате за проекти кои биле дадени како ветувања од ВМРО ДПМНЕ во 2013 и 2014 година треба да знаете дека токму поради вашата исценирана и наметната политичка криза со која ја држевте земјата во целосно заробеништво од било каков аспект повеќе од две години бевте главната причина за целосен застој на било каков прогрес. Но како што гледате ни Вашето црно сценарио кое и го припремавте на Република Македонија а за кое гледаме не се откажувате ни денес, нема да не поколеба токму проектите кои ги наведувате во целост да ги реализираме. Впрочем добро треба да знаете дека ВМРО ДПМНЕ секогаш го одржува дадениот збор. Тоа е така и со најсовремената болница во регионов – Охридската Болница која гледаме ви е трн во око поради нејзината успешност, тоа е така и со заштитата на животната средина, со зачувување на националните интереси, тоа е така со сите реализирани проекти дали од централната или локалната власт.
Но тоа не ни дава за право да Ве спречиме во вашата политичка фантазија дека сте победиле на изборите кога имате освоено 49 пратеници наспроти 51 на ВМРО ДПМНЕ но сепак да Ве оставиме уште само неколку дена на Вашата политичка фантазија за која веруваме ќе се разбудите во оној момент кога ќе биде формирана нова Влада во Република Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, стои во реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK