Вто10232018

Последна промена03:41:59 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Наука и Живот Живот Ден на лозарите и виното - Свети Трифун

Ден на лозарите и виното - Свети Трифун

Сподели

14 февруари се смета за празник на лозарите – денот кога се закројува лозјето – празникот на винарите, на виното, на љубителите на овој пијалок на боговите.

Лозарите се достојни на својата традиција секоја година на 14 февруари го одбележуваат празникот со закројување на се уште незапупените гранчиња, ритуал во кој веруваат дека ќе им помогне грозјето да биде благо а бочвите полни со вино.

Според житието Светиот маченик Трифун роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите. Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа. Но тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK