Чет04192018

Последна промена04:49:13 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Матурантка од Охрид нападната од чопор кучиња

Матурантка од Охрид нападната од чопор кучиња

Сподели

Само среќа  ме спаси од поголеми  последици, откако  синоќа околу 1 часот по полноќ ме нападна чопор кучиња. Вака, 18 годишната охриѓанка-матурантка  започна, за Охриднет да го раскажува  хоророт што и се случил синоќа. Матурантката,  вели дека сеуште е под стрес , дека шокот и траумата што ги доживеала  не и дозволуваат мирно да спие.

Видно се чувствува нејзината возбуденост при разговор со младата девојка. Вели дека синоќа пешки си одела кон својот дом  по улицата „Егејска“. Размислувала  и си правела планови за претстојната матура, забележувајќи како е празна улицата. Одеднаш, вели матурантката, слушнав кучешки лавежи и набрзо пред мене се појави чопор од десеттина кучиња скитници, ми се нафрлија и ме паднаа на земја. Се уплашив премногу, паника ме фати, почнав да викам, се бранев некако со раце и ноs е, незнам ни самата како и што правев. Одеднаш почувствував  гребење по телото од нивните шепи и , некакво тргање и  силна болка во десната потколеница, знаев дека некое од чопорот кучиња ме касна за нога.  Ги почувствував забите на кучето, вриснав со најсилен глас од болката и викав за помош.Ни самата незнам како ама одеднаш, кучињата избегаа. Помислив дека некој ги избрка, но набрзо видов дека сум сама на улицата. Немаше кој да ми помогне. Облеката ми беше испокината а кај десната потколеница имаше крв. По мобилен се јавив дома и со родителот одма отидовме на болница. Таму ми направија некакво третирање на раната и ме упатија да примам вакцина против тетанус и беснило. И денеска и утре ќе одам на болница Сеуште имам болка и не можам да згазнам на ногата. Ужасно се чувствувам но нема да дозволам да ми биде уништено матурското расположение.  Ги замолувам надлежните да преземат мерки со кучињата скитници  низ градов.
  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK