Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид ФОТО: Илјадници верници во Лешанскиот манастир

ФОТО: Илјадници верници во Лешанскиот манастир

Сподели

Илјадници верници вчера го посетија манастирот „Си Свети“ во охридското село Лешани. 

 

 Овој празник се празнува во неделата по Духовден и меѓу народот повеќе е познат како Сисвети. Празникот се однесува на сите светци. Црквата го востановила за заедничко сеќавање и празнување на сите светии. Се празнува за да им се оддаде почит на оние светци чии имиња не се познати како поради нивната бројност така и поради тоа што нивниот култ во одредени краишта не заживеал. Споменот на овие светци се празнува заедно со споменот и на оние светци што имаат и посебни празници, за да се покаже дека сите верувале во еден Исус Христос и за него страдале. Се совпаѓа со Петрови поклади, бидејќи една недела по Духовден започнуваат Петровденските пости. На манастирот посветен на овој празник во Охридското село Лешани на овој ден се прави голем собир на кој се собираат луѓе на само од Дебарца туку и од цела западна Македонија.

На овој празник именден празнуваат некои што немаат именден во календарот.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK