Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Кучињата скитници повторно напаѓаат на охридскиот плоштад

Кучињата скитници повторно напаѓаат на охридскиот плоштад

Сподели

И покрај бројните апели на граѓаните на Охрид, но и после немилите настани со кучиња скитници кои нападнаа и искасапија една матурантка, надлежните без слух.

На градскиот плоштад повторно кучиња скитници сеат страв врз минувачите. Вчера граѓаните пак сведочеа за  напад на куче скитник врз минувач турист. 

- Едно од неколкуте кучиња почна агресивно да лае и да трча по еден минувач. Му се нафрли во нозете, но овој одмавна и успеа да го оттурне, појаснуваат граѓаните кои беа сведоци на градскиот плоштад. 

Охриѓани бараат надлежните да најдат решение за огромниот број на кучиња скитници во градот, пред некој повторно да настрада. 

 

Нападот го изврши најголемото куче кое се гледа на фотографијата. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK