Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид „Свети Еразмо" му го спаси животот на стружанец

„Свети Еразмо" му го спаси животот на стружанец

Сподели

Оваа приказна за "Свети Еразмо" е доказ дека чуда навистина се случуваат.

Еден стружанец, на 22-годишна возраст, со колата бил во Охрид, а на враќање кај мотелот на Коцарета, колата се свртела наназад и ќе излетала од патот. Возачот не може да го контролира возилото, а кога се нашол пред влезната порта на „Св. Еразмо“, пред да удри некоја голема сенка го ставила контејнерот меѓу колата и портата, и така возачот за влакно се спасил од сигурна смрт, пишува СветиЕразмо.мк.

Следниот ден дошол младиот стружанец да му благодари на св. Еразмо и во знак на благодарност на манастирот му подарил пижами и сто евра оштета на портата.

Инаку денес  и утре по повод празникот ќе има литургија во манастирот.

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14. јуни 2017 година (среда), во манастирот Свети Еразмо - Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско - сиднејски г. Тимотеј.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK