Нед12172017

Последна промена03:30:45 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Фејсбук измамник, фатен во Струга

Фејсбук измамник, фатен во Струга

Сподели

Струшката полиција фати фејсбук измамник од Босна и Херцеговина кој привремено живеел во Струга.

Тој креирал лажна ФБ страница и нудел визи за Швајцарија. Фејсбук измамникот прелажал човек од Поградец, му земал 450 евра а потоа од полицијата „спечалил“ кривична пријава. 

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, информира дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против Н.С. (37) од Тузла-Босна и Херцеговина, со привремен престој во Струга.
-Пријавениот во текот на јануари оваа година, на својот фејсбук профил објавил лажна страница со назив ,,Vize pune per Europ,, на која се преставил како посредувач-вработен во агенција за посредување за добивање на Швајцарска виза и оставил телефонскиот број за контакт преку апликацијата „WATSAPP“, изјави портпаролот Димоски.
Набрзо, на посочениот број му се јавил Е.П. (23) од Поградец-Албанија по што на почетокот на минатиот месец, дошло до нивна меѓусебна средба во Струга. Притоа, Е.П. на пријавениот му предал патна исправа и комплет документи како и 450 евра во надеж дека набрзо ќе ја добие ветената виза за Швајцарија. Веднаш по средбата, сега пријавениот го избришал фејсбук профилот и го исклучил мобилниот телефонски број.
По преземени оперативни мерки, утврден е идентитетот на сторителот и извршен е претрес во неговиот дом.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK