Вто09192017

Последна промена11:13:26 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид „Фибула“ со чартер бус и авиони ги носи полјаците во Охрид

„Фибула“ со чартер бус и авиони ги носи полјаците во Охрид

Сподели

Полските туристи доаѓаат во Охрид и Струга со чартер автобуси и авиони.

Од утре, почнува доаѓањето на над 5000 туристи од Полска кои ќе летуваат на охридско-струшкото крајбрежје до крајот на септември оваа година. Нивниото доаѓање и летување е исклучиво резултат на огромниот ангажман, разговори и преговори на ренимираната туристичка агенција „Фибула ер травел“ со познатата полска туристичка агенција „Рего-Бис“. 

-Според договорените меѓу-агенциски активности, првите чартер автобуси со капацитет од 90 места со туристи од Катовице, треба да пристигнат утре со аранжман од 10 дневен престој.Оваа аранжманска динамика ќе трае до крајот на семптември, вели Асим Меџедовиќ, директорот на „Фибул ер травел“.


Задоволен што е направен исклучително поволен туристички проект меѓу „Фибула ер травел“ и полската „Рего-Бис“, директорот Меџедовиќ како посебно значаен го потенцира и претстојниот прв чартер авионски лет од Катовице со кој, првата тура од 220 полски туристи треба да слетаат на охридскиот аеродром во четврток на 22 месецов. Додава дека засега предвиден е еден директен неделен чартер авио лет Катовице-Охрид. Нивното сместување е договорено во хотелите на охридско-струшкото крајбрежје Изгрев, Лаки-спа, ресортот Метропол и Белви, Турист, Филип,Десарет.Како што посебно нагласува Меџедовиќ, туристичката агенција „Фибула ер травел“ веќе има подготвени туристички програми и екскурзии со кои, полските туристи ќе ги запознаат природните убавини на двата крајезерските града но и атрактивните локалитети и предели во останатите делови од земјата.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK