Нед07232017

Последна промена06:53:21 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Познат е идентитетот на удавеното лице

Познат е идентитетот на удавеното лице

Сподели

61 годишниот Димитрија А.од Охрид е лицето што вчера беше пронајден удавен во водите на Охридското езеро на плажата „Сараиште“.

Неговиот идентитет беше утврден по увидот што на местото на настанот беше извршен од страна на јавен обвинител и мерките од полицијата.
-На безживотното тело не се забележани траги на насилство а по наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Како што кажа портпаролот Димоски, безживотното машко тело, синоќа околу 17 часот и 50 минути е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Сараиште“. Телото се наоѓало на дното на езерото на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десеттина метри од езерскиот брег.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK